еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Гореше и во ОХИС, пожарот е локализиран, пожарникар заврши во болница

Денеска попладне избувна пожар и во фабриката ОХИС во Скопје, истиот е локализиран, а пожарникар заврши во болница, откако му слошило од вдишан чад.

Заменик командир на противпожарните единици, Звонко Томевски информираше дека пожар избувнал на три одвоени места, а опожарена била и Управната зграда.

Од Државниот инспекторат за животна средина информираа дека нема опасност од труење на воздухот, дека огнот не зафатил хемикалии и дека нема никаква опасност по здравјето на луѓето и животната околина.

Поради пожарите во кругот на ОХИС, привремено беше прекинат сообраќајот по булеварот „Борис Трајковски„.

Фото: МИА/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК потврди: Седум кандидати за претседател на Македонија

Редакција

Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“

Редакција

Убава вест: Оздравени 900 болни од Ковид-19

Редакција