еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 758.001, трета доза примиле 1.039 граѓани

Министерство за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.504 дози вакцини, од кои 713 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 57 граѓани примиле трета доза вакцина.

„Заклучно со 14 октомври вкупно се вакцинирани 797.988 граѓани, ревакцинирани се 758.001, а трета доза примиле 1.039 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства, но не и за скопското

Редакција

Ако опфатот на вакцинирани не е голем, на есен ќе има нови рестриктивни мерки, најави Филипче

Редакција

„Максимално се трудев да ги почитувам мерките“: Мијалков се јави на Фејсбук

Редакција