еМагазин
Image default
Македонија

МВР информира за изборни нерегуларности во Радовиш и Кочани

Во Полициската станица Радовиш денеска било пријавено дека Г.К. од радовишко село излегла на гласање и покрај тоа што имала решение за самоизолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од МВР соопштија декс се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во Кочани двајца полициски службеници пријавиле дека при вршење на редовна служба на Избирачко место 858 во Кочани преземале мерки и активности против едно лице кое се однесувало агресивно кон нив и одбило усна наредба да се оддалечи од местото и да не го попречува изборниот процес. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, се наведува во соопштението.

Во ОВР Кочани, претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место 835 во Кочани пријавил дека околу 11 часот, С.М. го нарушил избирачкиот процес и на гласачкото место и кажал на својата сопруга за кого да гласа, а кога бил предупреден од страна на избирачкиот одбор јавно кажал за кого гласал и не го свиткал уредно избирачкото ливче. За настанот, се посочува, изготвен е записник од страна на избирачкиот одбор, запознаен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помеѓу 4 и 5.000 евра поединечно чинеле авио билетите за Мицкоски и министрите до Вашингтон, тврдат од СДСМ

Редакција

Немаме интерес од признавање на „бугарско малцинство“ во Северна Македонија, вели бугарскиот политиколог Минчев

Редакција

Само во Аеродром над 100 активни случаи со Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција