еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Излезноста до 15 часот е 34,22%

Во цела држава се гласа мирно, со користење на уредите за отпечаток од прст и без никакви проблеми, изјави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

Излезноста на гласачите до 15 часот е 34,22 отсто. Останува истиот тренд.

Најголема излезност има во Вевчани 66,54 отсто, по што следат во Ранковце 60,15 отсто, Демир Капија 58,18 отсто, Конче 58,1 отсто, Демир Хисар 55,3 отсто, Пехчево 52,93 отсто, Дебар 51,48 отсто и Лозово 51,1 отсто. До 15 часот најмала е излезноста во Сарај 16,38 отсто.

Даштевски ги повикува сите граѓани до 19 часот да го остварат своето право на глас и изборниот ден да помине мирно.

Претседателот на ДИК информираше дека до ДИК пристигнале 311 приговори за лично избирачко право, 268 се прифатени, 25 одбиени, а 18 од гласачите ги имало во Избирачкиот список.

-Нема пријави за неправилности и проблеми со гласањето со отпечаток од прст, рече Даштевски на редовната прес-конференција на ДИК.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пиштолот е со дозвола, не нападнав никого, се јави новинарот Фуркан Салиу

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на „М.Ж. Транспорт“ за набавка на дизел и нафтени деривати вреден 3,2 милиони евра

Редакција

Мицкоски и по средбата со Заев, не го соопшти името на техничкиот министер за внатрешни работи

Редакција