Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на својот Фејсбук-профил им се обрати на своите сопартијци по објавата на опозициските партии дека има ново парламентарно мнозинство.
„Имам многу повици, наредби и поддршка од сите страни, Ви благодарам и не можејќи да Ви одговорам на сите, Ви велам дека заедно ќе успееме. Нема да постапуваме ниту со емоции, ниту во еуфорија. За се ќе бидете навреме информирани. Секогаш заедно, во секоја битка,“ напиша Ахмети.
Тој подвлекува дека за актуелните случувања е во контакт и координација со стратешките партнери, Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската Унија.
„Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот договор, Преспа, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците“, додава Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во Уставот: Колку пратеници може да постават прашање на доверба на Владата
Фото: Фејсбук/Ахмети