Официјалниот Твитер профил на минисистерот за надворешни работи, Бујар Османи е хакиран.
Профилот е преименуван во „Sheldon The Sniper“, a променети се и сите информации, како и профилни фотографии.
Османи на Фејсбук потврди дека Твитер профилот бил предмет на хакерски напад и е преземен од непознати лица.
“Сакам да ве информирам дека мојот официјален и верификуван Твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица.
Be известувам дека во моментов, мојот Твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата.
Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа “Твитер”, од каде очекувам брза реакција и враќање на официјалниот и верификуван профил повторно на мое управување“, напиша Османи.
Фото: МНР