Владата на денешната седница прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава, за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која животите ги загубија 45 македонски државјани.
„За денови на жалост се прогласени 23, 24 и 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, ќе биде истакнато на половина копје.
Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост,“ велат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.