еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Aвтобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење – несреќата е резултат на човечка грешка, вели секретарот за безбедност на Перник

Aвтобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење, што значи дека возачот не реагирал соодветно. Несреќата апсолутно настанала како резултат на човечка грешка, изјави секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов за БТВ, кој пристигнал на местото на инцидентот заедно со првите полицајци и пожарникари.

Тој вели дека автобусот не се превртел, а возачот се обидел да сврти в лево, додавајќи дека има снимен материјал „што и не е пријатен за гледање“.

– Глетката е страшна. Предниот дел на автобусот е изгорен, луѓето што се наоѓаат во (болницата) „Пирогов“ биле во задниот дел на автобусот. Десното стакло на автобусот било скршено и од таму излегле, изјави Пиргов.

Според него, пред околу час и половина пред несреќата, автобусот застанал на бензинска станица на магистралниот пат „Струма“, каде патниците отишле во тоалет и направиле пауза околу половина час.

Тој смета дека е исклучена веројатноста возачот да заспал, бидејќи бензинската станица се наоѓа на 15 минути возење до местото на несреќата.

– Патот е во перфектна состојба. Овде станува збор за грешка на возачот. Нема можност автобусот да се зализгал патот, нема знаци на кочење. Автобусот се запалил од предниот дел.

Во самиот автобус имало туби со нафта, изјавува Пиргов, додавајќи дека огнот започнал од предниот дел на автобусот, најверојатно во системот за греење.

Тој информира дека во 03.04 часот ја добил информацијата за настанот, а во 03.30 стигнал на местото на несреќата, каде имало противпожарни и возила на брзата помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Преживеаните во несреќата во Бугарија се навреме згрижени, по ден-два ќе бидат префрлени во Скопје

Патниците кои настрадаа во несреќата во Бугарија се од Македонија, еден е од Прешево и еден со белгиско држајанство

Помеѓу настраданите во автобуската несреќа во Бугарија има повеќе членови на едно семејство, најмладата меѓу нив имала 16 години

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТУИ ервејс најавува сезонска линија од Манчестер до Охрид

Редакција

Крајот на Ковид-19 се ближи, и доктор Пановски ќе се пензионира

Силвана Жежова

843 пациенти заболени од Ковид-19 има низ болниците во државата

Редакција