еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТУИ ервејс најавува сезонска линија од Манчестер до Охрид

Сезонска авиолинија на релацијата Манчестер – Охрид најавува за следниото лето авиокомпанијата ТУИ Ервејс (TUI Airways).

Според објавата во распоредот на авиокомпанијата, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, во периодот од 31 мај до 20 септември следната година.

Годинава бројот на летови на сезонските авиолинии годинава е зголемен и на двата македонски аеродрома во однос на лани. На Меѓународниот аеродром Скопје од јануари заклучно со јули се реализирани 457 сезонски лета, за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, а на аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид  831 сезонски лет, што е зголемување за 136 проценти во однос на истиот период минатата година кога имало 352 сезонски лета.

Годинава сезонски дестинации до кои авиокомпаниите летаат од скопскиот аеродром се Анталија, Бодрум, Измир, Хургада, Базел, Џеда/Медина, Монастир (Тунис).

Во 2021 од Скопје се леташе сезонски за Анталија, Бодрум, Хургада, Базел и Дизелдорф.

Од охридскиот аеродром, пак, годинава се опслужуваат сезонски авиолинии и до Тел Авив и Амстердам, како и до Цирих, Ајндховен и Катовице, што беа на располагање и во минатата летна сезона.

Во првите седум месеци од годинавана двата македонски аеродроми се опслужени вкупно 1,3 милиони патници и 10.622 летови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка ја затвори Еуростандард банка, утре ќе побара отварање стечајна постапка

Редакција

Вработен во Министерството за надворешни работи притворен во Србија

Редакција

Драгољуб Арсовски купи над 3 илјади акции во ТТК Банка

Редакција