еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка ја затвори Еуростандард банка, утре ќе побара отварање стечајна постапка

Народната банка денеска ја затвори банката Еуростандард АД Скопје поради неисполнување минимални законски услови за работење.

Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови.

НБ утре ќе се достави предлог до надлежниот суд за отворање стечајна постака во Еуростандард банка.

Согласно состојбата до 31 јули 2020 година, обесштетени ќе бидат 136.619 депоненти или 99,4 отсто со вкупно 4,4 милијарди денари. Останатите 780 депоненти нема да бидат обесштетени или нема да бидат обесштетни во целост зашто ќе се покриваат само сумите во банката до 30.000 евра.

-Ја уверуваме јавноста дека вложивме исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање, рече Ангеловска-Бежоска на прес-конференција.

Во изминатиот период заради ризици во работењето Еуростандард банка била под засилен супервизорски надзор. НБ постојано и изрекувала мерки и го засилувала интензтетот на супервизијата за да се отстранат слабостите. Воспоставени и биле и ограничувања на кредитната активност.

Дозволено и било кредитирање единствено на клиенти со ризик А и Б, а имала и построг дозволен лимит за поединчена изложеност кон клинетите, поставен на пет проценти од сопствените средства наспроти законскиот лимит од 25 отсто.

Клучните проблеми на Еуростандард банката, оцени гувернерката, биле одраз на слабостите од минитиот период, а не на тековните состојби.

-Една од најголемите слабости на работењето на банката беше поголемото преземање кредитен ризик што се согледува преку слабиот квалитет на кредитните портфолиа или помалото обезбедување на кредитите што се давани, а тоа резултира со кредитни загуби, објасни Ангеловска-Бежоска.

Според последните податоци, кредитие учествуваат со 50 проценти од вкупната актива на банката, односно 3,6 милијарди денари е нето вредноста на кредитното портфолио.

Во Еуростандард банка АД Скопје работеле околу 170 лица. Гувернерката изрази надеж дека тие ќе бидат апсорбирани од останатите банки зашто се работи за квалитетен кадар.

Еуростандард банка АД Скопје имаше и ексклузивен договор со Македонска пошта за користење на шлатерите за платен промет. Ангеловска-Бежоска рече дека со отворањето на стечајната постапка, тој договор престанува, а на Македонска пошта е да ја согледа потребата од склучување договор со други банки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска без пасош со „Северна“ и налепница со НМК не можете да излезете од Македонија

Редакција

Совет на амбасадори: Присуството на бугарска делегација на отворање клуб со контроверзно име – несоодветен обид за промоција на напредок во приближување на ставовите на двете влади

Редакција

Инфлацијата во септември падна на 6,6%

Редакција