еМагазин
Image default
Македонија

Во тетовско втор ден по ред шест нови заболени од Ковид-19

Центарот за јавно здравје од Тетово на подрачјето на шестте тетовски општини денеска бележи слична епидемиолошка слика како вчера со оглед дека има повторно шест нови случаи на заболени со Ковид-19.

Според информациите на д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово и натаму општина Тетово има најмногу позитивни.

– Општина Тетово денеска има четири нови случаи, а двајца позитивни на Ковид-19 има во местата од Општина Јегуновце, изјави Зафировска.

И тетовската полиција на терен се соочува со сличен интензитет на непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.

– Изминатото деноноќие, според статистиката за неносење заштитни маски на 62 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Вчера имало 63 вакви казни, инфомираат од СВР Тетово.

На 243 луѓе им е извршена контрола дали ја почитуваат мерката за изолација дома согласно решение на Државен здравствен и санитарен инспекторат. Нема констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дебар двајца новозаразени од Ковид-19 и осум оздравени лица

Нови 139 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

МИА/Фото: Општина Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет починале во април: Од Ковид-19 починаа 18 лица, најмладиот на 41-годишна возраст

Редакција

За сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски

Редакција

Сега е време за вистински потези, порача хрватскиот премиер Пленковиќ од Скопје

Редакција