еМагазин
Image default
Македонија

Во Гевгелиско досега 109 починати од Ковид-19

Во подрачјето со надлежност на Општата болница во Гевгелија, во извештајот на Иниститутот за јавно здравје (ИЈЗ) вчера беа регистрирани уште двајца починати ковид пациенти од Гевгелија и Дојран со кои најцрната бројка се зголеми на вкупно 109 починати пациенти.

Од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија велат дека моментно се водат вкупно 115 активни случаи на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран, од кои најмногу или 81 се на територијата на Општина Гевгелија, 28 во Општина Богданци и 6 активни пациенти на ковид се во Општина Дојран.

Бројката на вкупно заразени од почетокот на пандемијата изнесува 3.677 од кои 3.568 оздравеле.

Најмногу, разбирливо, се регистрирани во Општина Гевгелија, вкупно 2.846, во Општина Богданци се заразиле вкупно 659 граѓани и најмалку, поточно 172 пациенти се заразиле во Општина Дојран.

Со оглед на сегашната состојба, која повремено се стабилизира, а повремено знае да ескалира, од болницата упатуваат апел до граѓаните да се интензивира процесот на имунизација, особено на оние кои сè уште не примиле прва доза од анти ковид вакцините, како и на граѓаните кои немаат примено „бустер“ доза, затоа што само вакцините гарантираат полесна болничка слика, доколку дојде до заразување со вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минатата недела 66 смртни случаи од Ковид-19, најмногу во Скопје, 26

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев верува дека со Бугарија ќе се договориме и за Гоце Делчев

Редакција

Штета на буџетот од 80 милиони евра: 6 нови истраги на СЈО, осомничени Ставрески, Османи, Груевски…

Редакција

По обвинувањата од вработени, шефот на Управен суд, Сејдини тврди дека не распределувал предмети рачно

Редакција