Премиерот Зоран Заев попладнево ќе се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, потврија за МИА од Владата.
Оттаму посочија дека тоа е средба во рамки на серијата средби на премиерот Заев и на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со владините коалициони партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.
Средбата доаѓа по оставката на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ и официјалното преземање на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ, Ковачевски.
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.