еМагазин
Image default
Македонија

Села нема да поднесе оставка од лидерската позиција во Алијанса за Албанците

Алијанса за Албанците одржа Централно Собрание на кое беa разгледувани на резултатите од одржаните локални избори, како и формирањето на комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес.

Претседателот на партијата, Зијадин Села, во изјава за медумите најави дека редовниот изборен конгрес партијата треба да го одржи на 27 март, наредната година, на кој ќе се одлучува за лидерството во претстојниот четиригодишен период.

-Секогаш во Алијансата за Албанците се зборува отворено, се критикува отворено. Од овој процес се надевам дека секој член добро ќе ја сфати лекцијата и при организирање на новиот конгрес ќе излеземе уште посилни, вели Села.

Села посочи дека нема да поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците, а за тоа дали повторно ќе се кандидира за лидерската позиција, вели, ќе одлучуваат партиските структури.

МИА/Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се запали автобус на АРМ, нема повредени

Редакција

Врнежите го исчистија загадениот воздух, но направија и проблеми на некои патни правци: Снег на планинските превои

Редакција

Уште петмина амнестирани за настаните од 27 април

Редакција