еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната на Мијалков: Имаме гаранција која е спроведена, а нашиот клиент е во притвор

Апелацискиот суд направи проценка на сите околности по опасност од бегство и Кривичниот совет требаше да го спроведе решението за нашиот клиент да излезе. Во овој момент имаме гаранција која е спроведена и не можеме да ја избришеме, а имаме неправосилно решение на Основниот суд, но нашиот клиент е во затвор и се брои решението на Основен суд – нешто што го нема ниту во африканска земја, изјави на денешната прес-конференција бранителот на поранешнито директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ.

Решението на Апелациониот суд, посочи Давидовиќ, е правосилно, за разлка на тоа од Основниот суд и со ваквкото однесување, според него, се создава опасна судска пракса каде „по порачка се добиваат решенија“.

– Зошто сметаме дека е по порачка решението. Затоа што министерот за правда направи голем притисок, каде што сервилното Обвинителство постапи и клиентелистичкиот Суд донесе решение. Овој пат реагиравме, затоа што решението беше под притисок на извршната власт и затоа што Апелацискиот суд направи проценка на сите околности по опасност од бегство.

Ништо за тие четири часа не можеше да се смени, а Кривичниот совет го имаше решението, но под притисок на извршната власт, координирани со Обвинителството дадоа барање на кое Судот експресно одговори и донесе решение со кое, буквално плука по Апелацискиот суд, изјави Давидовиќ.

За тоа кои се следните чекори за Мијалков да излезе од притвор, Давидовиќ рече дека, не може да има судир на судски надлежности меѓу повисок и понизок суд и создавање на опасна пракса.

– Што ќе направиме понатаму, зависи од тоа кои чекори ќе ги преземе јавниот обвинител, Апелацискиот суд и Основниот суд, кој го суди „Плацови на Водно“. Во случај да нема реакции, какви што налага законот, одбраната ќе размисли дали ќе преземе дејствија во таа насока, посочи Давидовиќ.

Според адвокатот Љупчо Шврговски, „министерот во заминување“ изнел тврдења со кои што директно го повредува правниот дискурс и го подрива она за што треба да се грижи – уставниот принцип за поделба на власта.

– Министерот за правда не е дел од некаква естрада за да искажува мислења на Фејсбук. Со своето однесување, тој го повреди уставниот принцип. Нејасно е како министерот можел и од каде ги добил информациите, за тоа кој судија како гласал.

На овој начин одбраната доаѓа до заклучок дека министерот имал линк со некој од судиите кои што го информирале, кршејќи ги одредбите од ЗКП, изјави Шврговски.

Шврговски, го повика јавниот обвинител по допрен глас да ги истражи сите наводи изнесени од министерот, да оформи предмет и донесе соодветна одлука.

Адвокатот Петар Василев, посочи дека Судот вовел негативна пракса, каде се бара притвор без никакви аргументи и без да се сослуша одбраната и самиот тој во врска со навдоите за бараниот притвор.

– И во првиот и во последниот случај, ниту одбраната, ниту Мијалков, бевме повикани пред Судот, иако е тоа законска обврска и на Судот и на Обвинителството да ја повика одбраната и самиот човек на кого се однесува барањето за определување мерка.

Во последниот случај, иако ние како одбрана бевме во Судот, не бевме повикани да ни се образложи предлогот и од тие причини има скандалозни и небулозни барања од Обвинителството, изјави Василев.

Прашан под кои основи се бара Мијалков да биде ослободен за предметот „Плацови на Водно“, адвокатот Давидовиќ рече дека поднеле Жалба против решението за одредување притворот за предметот „Плацови на Водно“, бидејќи предметот не е завршен.

– Не може во друг случај да се даде гаранција, освен во случај на опасност од бегство и затоа Апелација ја прифатила, сметајќи дека таа гаранција е доволно за да го обезбеди неговото присуство, изјави Давидовиќ.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче поднесе пишана оставка до Заев: „Последната трагедија во Тетово многу ме погоди“

Редакција

Нови 43 случаи во Тиквешко, уште еден здравствен работник во Кавадарци позитивен на Ковид-19

Редакција

32-годишен Македонец претепан до смрт во Есен, Германијa

Редакција