еМагазин
Image default
Свет

700 лица кои купиле карти за годинешниот виенски новогодишен концерт, ќе го гледаат во 2023

Бројот на луѓе на кои им е дозволено да присуствуваат на традиционалниот новогодишен концерт во Виена е ограничен на 1.000 за да се спречи ширењето на омикрон, новата варијанта на коронавирусот.

Тоа значи дека 700 лица со купени билети нема да можат да влезат во салата Музикфераин. Но, Виенската филхармонија соопшти дека тие ќе имаат резервирани места за следниот новогодишен концерт на 1 јануари 2023 година.

Според новите рестриктивни мерки кои австриската Влада ги воведе за да се спречи ширењето на омикрон, учесниците на сите настани на кои присуствуваат повеќе од 1.000 луѓе мора да бидат вакцинирани со бустер доза и да имаат негативен ПЦР тест.

Организаторите на новогодишниот концерт решија да го намалат бројот на гледачи во салата за да може да присуствуваат љубителите на музиката кои не биле вакцинирани со третата доза, што е дозволено за настани со помалку од илјада учесници.

На концертот по трет пат, по 2009 и 2014 година, ќе диригира аргентинско-израелскиот диригент Даниел Баренбоим.

Виенските валцери, полки и маршеви ќе се емитуваат во повеќе од 90 земји.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спектакл за Гинис: Кинези истовремено полетаа 3.051 дронови

Редакција

Хамас бара ослободување на сите палестински затвореници во замена за заложниците

Редакција

(Видео) Нокаут за Борис Џонсон: Домот на лордовите пресече дека нема Брегзит без договор со ЕУ

Редакција