еМагазин
Image default
Свет

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот е зголемен за 11, а смртноста е намалена за 4%

Минатата недела повеќе од 4,9 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот, а повеќе од 44.000 починале, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Растот на новите инфекции е 11 отсто во однос на претходните седум дена, а смртноста е намалена за 4 отсто.

„Во текот на неделата од 20 до 26 декември, вкупниот број на случаи се зголеми за 11 отсто во споредба со претходната недела“, соопшти СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен.

Случаите се зголемија за 39 отсто во Северна и Јужна Америка, за 7 отсто во Африка и за 3 отсто во Европа. Новите инфекции се намалуваат во Југоисточна Азија (12 отсто) и во Источниот Медитеран (3 отсто).

Во Европа се регистрирани 57 отсто од заразените и 53 отсто од смртните случаи во текот на неделата.

Најголем број на заразени е регистриран во САД (1.185.653), потоа во Велика Британија (611.864 случаи на инфекција, 20 отсто повеќе), Франција (504.642 случаи, 41 отсто повеќе), Италија (257.579 случаи, 62 отсто повеќе)) и Германија (197.845 случаи, што е 30 помалку помалку).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката за здравство во Британија заболена од корона вирусот: Била нa прием кај премиерот Борис Џонсон

Редакција

Поради делта варијантата можеби ќе треба 90% од луѓето да се вакцинираат, порачуваат американски експерти

Редакција

Еден ден по склучениот договор за извоз на жито, Украина ја обвини Русија за гранатирање на пристаништето Одеса

Редакција