Со заокружувањето на 2021 година, финансиското друштво Тиго Фајнанс соопшти дека ја завршува годината со зацврстена позиција на пиедесталот во небанкарската финансиска индустрија во нашата земја, од аспект на резултати од оперативното работење, клиентското искуство, како и социо-економското влијание врз домашната економија.
За период од 4 години, Тиго Фајнанс евидентира над 206 илјади одобрени кредити и вкупен исплатен износ од над 51 милион евра за подобрување на куповната моќ на стотици илјади граѓани коишто имале потреба од средства, со што компанијата не само што обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население, туку преку својата работа остварува и значаен придонес врз севкупната домашна економија.
Имено, само во 2021 година вкупниот придонес на компанијата кон државниот буџет по однос на ДДВ, социјални придонеси, данок на добивка и персонален данок изнесува 38.8 милиони денари.
„Уште еден фактор којшто е показател за социо-економското влијание на компанијата во 2021 се и големиот број соработки со партнер-компаниите и добавувачите, кои валоризирани во средства, изнесуваат близу 50 милиони денари, со што Тиго Фајнанс придонесува не само кон развојот на сите свои партнерски компании, туку и врз општиот развој на целата економија, врз зголемување на приходите и кон отворање нови вработувања.
Заложбите на Тиго за обезбедување на врвно корисничко искуство преку понуда на услуги кои ги пресретнуваат потребите за финансиски средства во најпотребните моменти, како и преку градење взаемна доверба со клиентите, ја прават компанијата денес еден од трите водечки „Top of mind“ брендови во Финтек индустријата,“ изјави директорот Филип Димитровски.
Во насока на проширување на достапноста на услугите на Тиго Фајнанс согласно барањата и потребите на клиентите, компанијата во 2021 г. продолжи со експанзија на својата продажна мрежа и отвори нови 20 филијали, достигнувајќи продажна мрежа од 29 филијали во 17 градови.
Со тоа, компанијата дополнително го потенцираше својот приоритет за обезбедување на супериорна корисничка грижа за клиентите на сите канали кои тие ги преферираат, дигитални и физички.
Во однос на задоволството на клиентите, како важен параметар кој финансиското друштво го следи и преку бројни интерни истражувања, Тиго Фајнанс ја завршува 2021 со највисоко ниво на задоволство на клиентите, односно високи 95% од клиентите го рангирале искуството со Тиго како исклучително позитивно.
Големиот процент се должи и на континуираното вложување на компанијата во градењето на супериорно корисничко искуство, понуди кои се скроени да одговараат на потребите на клиентите, како и на високоразвиената технологија која овозможува брз, ефикасен и безбеден процес на апликација и исплата на средствата.
Имено, изминатата година просечното време од апликација до исплата на кредитот во филијалите на Тиго било само 3.5 минути, додека во Контакт центарот и на веб-страницата на Тиго ова време изнесува помеѓу 9 и 10 минути. Интересен податок кој го потврдува задоволството на клиентите е и фактот што близу 70% од клиентите во 2021 повторно се обратиле во Тиго кога имале потреба од финансиски средства.
Денеска Тиго Фајнанс вработува тим од 128 професионалци чија посветеност е темелот и двигателот на успесите на компанијата. 77% од вработените на Тиго се во директен контакт со клиентите. Просечната возраст на вработените која е 28 години, потврдува дека Тиго вложува и во развојот на млади кадри, а во рамки на програмата за развој на компанијата, високи 8,6% од вработените за период од една година напредувале хоризонтално или вертикално во својата кариера во компанијата.
Посветената работа на Тиго за изминатата година беше потврдена и преку добивањето на престижната награда за најдобар бренд во категоријата за небанкарски финансиски институции во Република Северна Македонија за 2021 од страна на угледниот магазин Global Banking and Finance Review од Лондон. Ова признание коешто беше доделено во ноември 2021 година, само дополнително ги потенцираше напорите на Тиго насочени кон изградба на препознатлив бренд помеѓу своите корисници, но исто така и кај експертската и стручна јавност.
Од Тиго додаваат дека грижата за своите корисници останува повторно приоритет и во 2022-та година, но и пошироко во давање на придонес кон развој на економската и социјалната клима во државата.
Тиго Фајнанс е едно од друштвата основачи и член на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, чии цели се заштита и едукација на правата на клиентите, како и регулација и развој на Финтек индустријата.
Повеќе информации за услугите на Тиго Фајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.
ПР-објава