еМагазин
Image default
Локално

Поранешна службеничка на полицијата пронајдена мртва во стан во Охрид

Безживотно тело на женско лице синоќа е пронајдено во стан на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид.

Според непотврдени официјални информации, станува збор за М.М. поранешна припадничка на полициската служба, на која пред четири години и е прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи.

Причините за настапувањето на смртта односно околностите во врска случајот ќе ги покаже истрагата врз основа на увидот на лице место спроведен уште во текот на вчерашниот ден. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 8 јануари за 20 денари од час поскапува паркингот во Општина Центар

Редакција

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време 

Редакција

Полицаец пукал за да раздели две групи во близина на гласачко место во Крушево

Редакција