еМагазин
Image default
Македонија

Во штипскиот ковид-центар се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти

Зголемен е бројот на хоспитализирани пациенти во штипскиот ковид-центар. За само пет дена двојно е зголемен бројот на лица кои бараат болнички третман.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во здравствениот билтен информира дека на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 41, а на кислородна поддршка се 33 пациенти.

Битката со коронавирусот ја загуби 74 годишен жител на Пробиштип, а во дневната амбуланта се прегледани вкупно 52 пациенти од целиот источен регион.

Интересен е податокот дека од хоспитализираните само четворица се вакцинирани, додека останатите пациенти не се имунизирани. Слободни места има за уште 17 пациенти.

МИА претходно информираше дека во штипскиот регион од вкупниот број на активни случаи дури 70% се од младата популација на возраст од 20 до 35 години.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следи забрзано темпо на вакцинација, наставниците се во приоритетните групи, вели Филипче

Редакција

Игор Јанушев нов генерален секретар на Владата

Редакција

Нема потреба од нова вонредна состојба, велат Пендаровски, Заев и Филипче

Редакција