еМагазин
Image default
Бизнис

Град Скопје почна постапка на ветинг за директорите на јавните претпријатија

Град Скопје почна постапка на ветинг за поставените директори на јавни претпријатија.

– Ова е системска мерка за елиминирање на можностите за корупција во рамки на градот и спречување на какви било судир на интереси. Денеска овој процес започна со директорите на јавните претпријатија, а ќе продолжи со раководителите на секторите, изјави градоначалничката Данела Арсовска најавувајќи нулта толеранција за корупцијата.

Како што информираат градските власти, секој од директорите веќе пополнил анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција и потпишал изјава за непостоење судир на интереси во нивната работа.

Овој процес, како што се наведува, ќе биде пракса за секое лице кое аплицира за позиција или унапредување.

-Град Скопје на овој начин започна активно да работи на подобрување на интегритетот на локалната самоуправа со цел значително да се намалат и отстранат сериозните прекршувања на работниот процес поврзани со корупцијата. Ова е строг процес на проверка за да се утврди соодветноста за вработување или унапредување на работната позиција, додаде Арсовска.

Спроведувањето на процесот на ветинг беше едно од предизборните ветувања на градоначалничката Арсовска.

-Град Скопје ќе продолжи со спроведување на новата политика на интегритет за јакнење на етичкото и професионално постапување во градската администрација.

Само на овој начин ќе се воспостави одржлив систем за интегритет во рамки на јавните установи под ингеренции на градот. Воспоставување на овој систем претставува јасна заложба на највисоко раководство на Град Скопје за нулта толеранција за корупција, како и за кое било несоодветно и неетичко однесување, се вели во соопштението од Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Страшо Милковски и Ивана Милковска Симева купија по 4.200 акции во Гранит

Редакција

(Фото) Нов мултифункционален деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци

Редакција

Струмичка “Кладилница со ладилник“ лани со намалена добивка

Редакција