еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Докиќ: Променет вкус, кашлица, главоболка и губење на енергија се најчести симптоми на омикрон

Доктор Дејан Докиќ од Клиниката за пулмологија во разговор за Канал 5 објасни дека најчестите симптоми на инфекција со сојот омикрон на коронавирусот се: променет вкус, кашлица, главоболка и губење на енергија.

Според Докиќ, кашлицата се должи најверојатно на оштетувања на епителот на горните дишни патишта, при што сензорните нервни влакна остануваат оголени и подложни на разни надворешни фактори.

-Пациентите кои што ќе прележат омикрон создаваат антитела кои што ги штитат од делта сојот, меѓутоа оние што прележале претходно делта сој, не се целосно заштитени, туку само делумно против омикрон, рече Докиќ.

Според Докиќ, коронавирусот ќе остане меѓу нас, но засега овој сој би требало да биде полесен и да го надвладее сојот делта, кој дава потешка клиничка слика кај пациентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Омикрон пламна како шумски пожар, но се повеќе му недостасува кислород за горење

Д-р Драган Ѓорѓиевски: Омикрон често ги напаѓа очите

„Атипична силна главоболка, гребење во грло“: Д-р Беќаровски ги објаснува симптомите на омикрон

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски позитивен на Ковид-19

Редакција

(Видео) Проф. Трајковски: „Ако сите беа вакцинирани, во летниот бран ќе изгубевме 209 животи наместо 1.047“

Редакција

МВР: Хрватскиот ракометар бил претепан, двајца се приведени, еден е во бегство

Редакција