еМагазин
Image default
Македонија

Судењето против Рашковски не почна, рочишето одложено поради отсуство на обвинета

Почетокот на судењето за случајот „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други лица беше одложено денеска поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска.

Во случајот, покрај Рашковски и Силјановска, се обвинети и Ивица Димитровски, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Христов и Игор Ивановски.

Судскиот процес го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Првообвинетиот, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Следното рочиште е закажено за 24 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почнува судењето против Рашковски и шест лица за случајот „Софтвери”

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски: Јас и мојата фамилија не сме корумпирани, ако некој бара оставка треба да ја аргументира

Редакција

Мицкоски поминал покрај Будимпешта, но дали се видел со Груевски: Струмичко „бентли“ го следел во Унгарија

Редакција

Младите лекари до Стевановиќ: Ретко кој пациент знае што се лесни симптоми

Редакција