Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) во Комерцијална банка АД Скопје во текот на минатата година достигнаа износ од 131.078 милиони денари и бележат зголемување од 12,2%, стои во коментарот на неконсолидирани и неревидирани Биланс на успех и Биланс на состојба на Банката, објавен преку Македонската берза.
“Од аспект на структурата според клиенти најголем пораст е присутен кај депозитите на домаќинствата, додека од аспект на валутната структура, девизните депозити бележат позабрзана динамика на пораст во однос на денарските.
Врз значителниот раст на депозитите во текот на 2021 година влијание има приливот по основ на распределба на стечајната маса од Еуростандард банка АД во стечај, како и од приливи кај енергетските компании за потребите на набавка на електрична енергија.
Планот е остварен со 107,0%“, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Комерцијална банка лани ја зголемила добивката за 21,2%
Комерцијална банка со раст на добивката за 3,4%