еМагазин
Image default
Локално

Жена од Кичево нападната од глутница од 15 кучиња

Проблемот кој со децении е присутен во Кичево и за кого барем засега не се гледа трајно решение продолжува и понатаму. Кучињата скитници во сите делови на градот безброј пати нападнаа недолжни граѓани кои често се здобиваа и со потешки повреди.

Бројот на напади од кучиња е исклучително голем, а за тоа потврдува и фактот што само во минатата година пријавени се 237 напади на кучиња скитници врз недолжни граѓани.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски изјави дека вчера на главната улица во Кичево од глутница од околу 15 кучиња вчера била нападната 32 годишната Г.Р.,на која и биле нанесени потешки повреди од овие предатори.

Исто така во текот на вчерашниот ден на улица „ 4-ти Јули“ кучињата скитници го нападнале и 36-годишниот С.Н. Проценките велат дека во Кичево има над 700 кучиња скитници и околу 500 во селските населби.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж од Форино изгризан до смрт од животни

Редакција

19-годишник удрил во диви свињи на автопатот Скопје-Штип, а потоа и во запрено возило, четворица повредени

Редакција

Во движење се запали камион товарен со плин: Пожарникарите спречија трагедија

Редакција