еМагазин
Image default
Свет

Подваријантата на омикрон се шири, откриена е во 57 држави

Подваријантата на омикрон која, според некои истражувања, би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, е откриена во 57 земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Варијантата на коронавирус омикрон, која брзо се шири и мутира, стана доминантна варијанта во светот откако за првпат беше откриена во јужна Африка пред десет недели.

Светската здравствена организација во својот неделен епидемиолошки билтен објаснува дека оваа варијанта, која сочинува 93 отсто од сите примероци на коронавирусот собрани во изминатиот месец, има неколку подваријанти: БА.1, БА.1.1, БА. 2 и БА. 3.

Подваријантите БА.1 и БА.1.1, првите идентификувани верзии, сега сочинуваат повеќе од 96 проценти од секвенците на омикрон внесени во глобалната база на податоци GISAID.

Но, забележано е очигледно зголемување на бројот на случаи на подваријантата БА. 2, која носи повеќе различни мутации од оригиналната верзија, особено на шилестиот протеин на површината на вирусот неопходен за влез во човечките клетки.

„Секвенците означени како БА. 2 до денеска се внесени во GISAID од 57 земји“, посочува СЗО, додавајќи дека во некои земји оваа подваријанта сега опфаќа повеќе од половина од секвенците на омикрон.

СЗО соопшти дека досега малку се знае за разликите меѓу подваријантите и повика на истражување на карактеристиките на вирусот, особено неговата заразност, неговата способност да ги избегне протеините на имунолошкиот систем и неговата вирулентност.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 102 милиони лица, починаа над 2,2 милиони

Редакција

Кина ја отфрла дополнителната истрага за потеклото на коронавирусот

Редакција

Протестите на „жолтите елеци“ не беа за џабе: Макрон вети зголемување на минималната плата за 100 евра

Редакција