еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Околу 600 планинари се искачија на Клепа во чест на Калина и Александар

Во организација на СПЕД „Клепа“ од Росоман во соработка со велешките „Грин Пауер“ и „Азот“ вчера се одржи 5-то јубилејно традиционално зимско планинарско искачување на врвот Клепа на 1.150 метри надморска височина, на кое учествуваа околу 600 планинари од целата земја, како и планинари од соседна Србија.

Походот во вкупна должина од околу 20 километри учесниците-планинари го изодеа за седум часа при поволни временски услови без ветер и иако облачно, сепак во релативно топло време за овој период од годината, информира за МИА, Веле Коцев од СПЕД „Клепа“ од Росоман.

Со овој планинарски настан бројните учесници – планинари, се потсетија и им оддатоа почит и сеќавање на трагично загинатите свои пријатели Калина и Александар, кои пред четири години загинаа на планината Ниџе при искачување на врвот Кајмакчалан во соседна Грција.

Како и во изминатите години стартот беше рано изутрината во 7 часот во селото Сирково каде се собраа сите планинари – учесници од повеќе градови, а домаќините за добредојде и среќен пат ги нагостија со домашен леб, алва и чај.

Планинарите учесници на пат кон Подлес поминаа во Шумата на Калина и Александар каде се наоѓа и дрвцето-аризонски чемпрес кое во февруари 2018 го засади планинарката Калина, а во која шума организаторите во изминатите три дена засадија уште 2000 садници дрвца-багрем и аризонски чемпрес, донација од ЈП „Македонски шуми“ и други спонзори.

По пристигнување во селото Подлес планинарите се упатија кон врвот Клепа каде го развиорија македонското знаме, а потоа се спуштија во манастирот „Св Архангел Михаил“ блиску до селото Долно Чичево. Таму сите се собраа, другаруваа и евоцираа спомени од настанот на заеднички ручек по традиција војничко гравче што и годинава за сите учесниците го подготвија во војничката менза на гарнизонт на Армијата во Велес.

Планинарското искачување на Клепа го подржаа општините Градско и Росоман, како и неколку винарии.

Инаку, Калина Велевска и Александар Миновски од Скопје беа учесници на првото искачување на врвот Клепа на почетокот на февруари 2018, а тогаш свое дрвца во шумата засади и Калина-аризонски чемпрес, кое сега ја краси шумата на Калина и Александар.

За жал една недела по походот на Клепа, Калина и Александар, трагично загинаа на 10 февруари 2018 година на планината Ниџе во соседна Грција при искачување на врвот Кајмакчалан.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Правила за појадок – клучен елемент во исхраната на здравите лица

Редакција

Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за корона вирусот

Редакција

Гостивар завиен во црно: Меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје

Редакција