еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Таблет компјутери за новата „20-20-20“ генерација ученици на ЕВН во Гостивар

ЕВН Македонија додели 23 таблет компјутери за новата генерација ученици во рамки на проектот за дуално образование „20-20-20“ при ОСТУ „Гостивар“, информираат од таму.

Со ова продолжува да се реализира планот за дигитална настава на овие паралелки, како дел од долгорочната стратегија на проектот. Целта на истиот е да се едуцираат ученици кои ќе бидат спремни да станат дел од пазарот на трудот.

Претставници на ЕВН Македонија како и претставници на ОСТУ „Гостивар“ беа присутни на примопредавањето на таблет компјутерите. Раководителот на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН во Гостивар, Александар Трлин ја процени соработката меѓу компаниите и училиштата како многу моќен, ефикасен и клучен елемент во подготвувањето на учениците за реални работни предизвици со кои би се соочувале во блиската иднина.

„ЕВН Македонија веќе неколку години преку овој проект придонесува во создавањето на стручни кадри за пазарот на трудот во земјата. Одличната соработка со училиштата и учениците не мотивира да продолжиме понатаму и токму затоа секоја година отвораме нови паралелки.“ рече Трлин.

Директорот на училиштето Бесир Салиу се заблагодари за несебичниот придонес на ЕВН Македонија и важноста на проектот за училиштето и општо за градот.

„Интересот на учениците за запишување на овие паралелки секоја година е се поголем“ истакна Салиу.

Проектот за дуално образование „20-20-20“ започна во 2017 година во СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје, а првата паралелка во ОСТУ „Гостивар“ се отвори во 2019г.

Учениците кои се дел од проектот посетуваат настава во специјалните ЕВН кабинети во просториите на училиштата. Во овие кабинети имаат на располагање опрема и материјали како што користат вработените на ЕВН при обавување на секојдневните работни активности. Освен тоа, учениците се менторирани од страна на стручни електромонтери и електроинжинери од компанијата.

Средношколците кои покажуваат најдобар успех и стекнуваат најмногу знаење, добиваат понуда за вработување во ЕВН согласно потребите на компанијата. До сега се вработени 22 поранешни ученици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврто издание на манифестацијата „Ден на италијанскиот дизајн во светот“

Редакција

Повик до млади иноватори за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост 

Редакција

Петар Рујаноски Стојановски од Прилеп е пронајден жив и здрав

Редакција