еМагазин
Image default
Бизнис

Намалена договорената и извршената работа на македонските градежници во странство

Во периодот јануари – декември 2021 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 156.214.000 денари, што е за 19,4 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС, минатата година градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 134.979.000 денари, што е за 9,3 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Домашната градежна оператива лани извршувала градежни работи во Босна и Херцеговина, Германија, Црна Гора, Бугарија, Косово и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе се поднови со три моторни возила

Редакција

Наталија Алексова реизбрана за член на Управниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Државна лотарија отвори своја нова мегазабавна интернет-плаформа Megawin.mk

Редакција