еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанакиески тврди дека е невин за „Топлик“

Прифаќањето вина во „Титаник“ го сметам за висок морален чин, но во овој предмет сигурен сум во мојата невиност, изјави денеска во завршен збор за предметот „Топлик” поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Обвинителниот акт за предметот, Јанакиески го оцени како апсурден.

– Апсурд е тврдењето дека во 2007 година сме се организирале да напраивме дело знаејќи дека ќе настанат штети во 2013 година. Замислете, уште во 2007 сме знаеле дека правобранителството ќе постигне спогодба и ќе бидат исплатени средства во име на законска затезна камата што Обвинителството го смета за штета.

Да ја имав таа моќ, уште во 2007 година да предвидам се што ми се случува сега, ќе си поднесев оставка уште тогаш и никогаш немаше да се занимавам со политика, изјави Јанакиески.

Нагласи дека не постои ниту писмен, ниту вербален доказ дека до него бил доставен некаков записникот и дека тој дал потврда или согласност за објава.

-Апсурдно е тврдењето дека сум искористил службена положба, кога согласно закон само министер може да формира комисија, така било и пред мене и после мене, изјави Јанакиески.

Тој посочи дека за овој предмет имал долг и опширен исказ од 12 часа за секој доказ и постапка, и замоли неговиот исказ и завршен збор да бидат земени во целост при носењето на конечната одлука.

Претходно денеска завршен збор даде и обвинителот Бурим Рустеми, кој рече дека од изнесените докази во текот на постапката во целост се потврдило дека дејствијата на ексминистерот за транспорт и врски Јанакиески и членовите на Комисијата за јавно наддавање и нанеле штета на Буџетот на државата во висина од еден милион евра, како исплатена камата на израелската фирма „Сан сити” поради неспроврдливоста на договорот од спроведеното јавно наддавање за продажба на земјиштето за комплексот „Сончев град”.

Обвинителот Рустеми, побара од Судот да ги прогласи за виновни за „злоупотреба на службена положба и овластувања” и им изрече ефективни казни, со оглед на степенот на кривична одговорност и последиците од делото, како и фактот дека воопшто не изразиле каење во текот на постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството побара затворски казни за Миле Јанакиески и другите обвинети за случајот „Топлик“

МИА/Фото: Јанакиески/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот на Канал 5 имал контакт со член од семејството кој е позитивен на корона вирусот

Редакција

Анкета: Неопределените и тие што нема да гласаат пред ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Редакција

Никој не се јавил на повикот за превозници, ЈСП ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз, велат од Град Скопје

Редакција