Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 9 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (65г, 72г, 83г и 86г) и по едно починато лице од Струмица (78г), Кавадарци (42г), Македонски Брод (45г), Штип (81г) и Гевгелија (65г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1).
Починатите лица се на возраст од 72г. до 79г. Лицата за починати се пријавени во период од 18.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на починати е 8.981.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 517 случаи на Ковид-19 од 2.669 тестирања, 72 се реинфекции
Убава вест: Оздравени 1.022 болни од Ковид-19
Фото: МЗ