еМагазин
Image default
Македонија

Осумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

Во Скопје и во Ротимље денеска ќе биде одбележана 18-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој заедно со членови од неговиот Кабинет загина во авионска несреќа во близина на Мостар.

На гробот на Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата на градските гробишта во Бутел, како што е најавено, цвеќе ќе положи претседателот на државата Стево Пендаровски, а делегации од Кабинетот на Претседателот ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.

Во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни се пријавите за бомби во ГТЦ, Џевахир сити, Ист гејт и училиштата во Скопје

Редакција

Катарза или агонија: Мицкоски се „сликаше“ со младите, а тие му поднесуваат оставки

Редакција

Рекордни 51 починати од Ковид-19, вкупно 4.072

Редакција