еМагазин
Image default
Бизнис

Бројот на претплатници во мобилната телефонија достигна 2.030.386

Бројот на претплатници во мобилната телефонија во државава достигна 2.030.386 заклучно со третиот квартал лани, за 8,71 процент повеќе во однос на претходниот квартал, како и за 10,73 проценти споредено со третиот квартал од претходната година, покажува Извештајот за развој на пазарот за електронски комуникации за третиот квартал 2021 година.

Според податоците од Извештајот што го објавува Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), заклучно со третиот квартал годинава во државава се регистрирани 422.967 корисници во фиксната телефонија, за 3,51 процент повеќе во однос на истиот период лани.

Вкупниот број на претплатници на пристап до интернет со широк опсег (не се вклучени претплатници преку мобилни уреди) достигна 490.084, за 1,62 проценти повеќе на квартално, а за 5,97 на годишно ниво.

Истовремено АЕК регистрира 1.568.813 претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2G/3G/4G), за 12,4 проценти повеќе во однос на претходниот квартал.

Раст се бележи и кај претплатниците на ТВ пакети, чиј вкупен број на крајот на третиот квартал лани е 423.915, за 0,5 проценти повеќе во однос на вториот квартал, а за 1,64 проценти во однос на третиот квартал лани.

Телефонски услуги на фиксна локација во третиот квартал од 2021 година обезбедувале 14 нотифицирани субјекти, а пет на јавна мобилна комуникациска мрежа. Услуги за пренос на податоци имало од 82 субјекта, додека 40 биле активни во пренос на радио и ТВ сервиси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како ќе изгледа комплексот „Планет“ во Сарај: Елитна населба во близина на езерото „Треска“ со вили, паркови, игралишта

Редакција

Гостиварска „Пелагонија“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за санација на свлечиштето Маврово-Галичник вреден 380.000 евра

Редакција

Борислав Атанасовски повеќе не е член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Редакција