Стандардното ниво на радијација во затворената нуклеарна централа во Чернобил е зголемено за седум пати, соопшти Украинската државна агенција за управување со зоната.
„Украина ја загуби контролата врз системот пред два дена. Најновите податоци покажуваат дека стапката на апсорбирана доза на сензорот во близина на складиштето за радиоактивен отпад „Вектор“ е надмината седум пати“, соопшти агенцијата.
Според Агенцијата, „тоа укажува на злоупотреба на безбедносните системи и немање потребна експертиза за заштита на нуклеарните капацитети“.
Агенцијата потсети и дека Украина ја информирала Меѓународната агенција за атомска енергија за губење на контролата врз нуклеарните и радијационите капацитети во зоната на исклучување.
„Го свртуваме вниманието на меѓународните партнери и организации на напорите на руските војници да ги окупираат нуклеарните централи во Украина и нивните напори за демонстративно зголемување на нивно присуство и распоредување опрема во близина на стратешките локации“, додава Агенцијата во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските сили влегле во областа Чернобил, можно оштетување на објектот за складирање нуклеарен отпад
МИА/Фото: Unsplash