еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Зеленски за претстојната средба со руската делегација: „Не верувам дека ќе постигнеме резултат, но да се обидеме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на неговиот Фејсбук-профил информираше дека имал телефонски разговор со белорускиот колега Александар Лукашенко.

Зеленски му кажал дека не сака проектили и авиони да летаат од Белорусија кон Украина, ниту пак да се движат трупи од Белорусија во Украина, при што, за тоа, добил уверување од Лукашенко.

„Мојата задача како претседател е да ја заштитам државата. Имавте прилика овие денови, да видите како го правиме тоа. Белорускиот претседател ме покани на средбата на украинската и руската делегација на реката Припјат.

Не верувам во резултат од оваа средба, но да се обидеме. Граѓаните на Украина да немаат сомнеж, дека јас како претседател, не сум се обидел да ја сопрам војната, и кога имало и најмала можност,“ изјави Зеленски.

Фото/видео: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Исполнети се сите услови за нов бран

Редакција

Доктор Пановски: Ковид-19 траеше како и другите пандемии, во Македонија веќе е ендемија – треба анализа на смртноста

Силвана Жежова

„Свисслион“ ја прогласи за успешна понудата за преземање на „Агроплод“

Редакција