еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

Во Тетово почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и лидер на Демократската партија на Македонија (ДПМ).

Тој беше роден 1940 година во Тетово, а завршил Машински факултет.

Беше избран за пратеник од редовите на ДПМ на изборите во 1994 година, а беше и кандидат за градоначалник на Тетово во неколку наврати.

Стојановски беше познат како долгогодишен директор на Средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Бил и директор на енергетското одржување на некогашниот текстилен гигант „Тетекс“.

Откако се пензионираше Стојановски го основа Тетовскиот фолк фестивал што се одржуваше во манастирскиот комплекс во селото Лешок.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко во Скопје ја тепал и запоставил малолетната ќерка, се обидел да ја прободе и со нож

Редакција

Поради трагичната несреќа, гостиварските кошаркари ги одложија натпреварите

Редакција

181 разводи за време на пандемијата со Ковид-19, бројот на бракови намален за 66.5%

Редакција