еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Светските цени на храната рушат рекорди

Светските цени на храната во февруари беа на рекордно високо ниво, зголемени за дури 24,1 отсто во однос на претходната година, а се поттикнати од растот на цените на маслата за јадење и млечните производи, соопшти Агенцијата за храна на ОН.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), што го следи најголемиот дел од светската трговија со храна, минатиот месец изнесуваше 140,7 поени, што е повеќе од ревидираната бројка од 135,4 во јануари. Таа бројка претходно беше 135,7.

Повисоките цени на храната придонесоа за зголемување на инфлацијата, бидејќи економиите ширум светот закрепнуваат од кризата со коронавирусот, а ФАО предупреди дека високите цени може да го загрозат населението во сиромашните земји кои се потпираат на увоз.

ФАО, чие седиште е во Рим, исто така, ги објави своите први проекции за глобалното производство на житни култури во 2022 година, што покажува дека глобалното производство на брашно се зголеми на 790 милиони тони од 775,4 милиони тони во 2021 година, пренесуваат британските медиуми.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет дена ја нема Вања Ѓорчевска: Што досега направи полицијата

Редакција

Мицкоски ќе ја напушти политиката ако некој од партијата гласа за промена на Уставот

Редакција

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Редакција