еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР, врачена му е вербална нота оти ја стави Македонија на листата на непријателски земји

Рускиот амбасадор во државава Сергеј Баздникин денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи, потврдија од Министерството за надворешни работи (МНР) за МИА.

Како што велат од МНР, на амбасадорот Баздникин му била врачена вербална нота, поради тоа што Руската Федерација ја стави Северна Македонија на листата на непријателски земји.

Претходно, Владата на Руската Федерација денеска одобри список на странски држави и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани, јавија руските медиуми.

На списокот се наоѓаат Австралија, Велика Британија, земјите-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Андора, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија и Микронезија.

Земјите и териториите споменати во списокот воведоа или им се придружија на санкциите против Русија по почетокот на руската инвазија врз Украина.

На брифингот со новинарите денеска, прашан за последиците од фактот што Москва ја стави државава на листата на непријателски земји, шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека нашата позиција кон Руската Федерација во котекст на оваа агресија е јасно искажана и манифестирана и дека ќе се придружиме кон сите одлуки на ЕУ за осуда, но и за дефинирање на односот што ќе го имаме со Руската Федерација и оти сето тоа ќе се прави во координација со ЕУ а не врз основа на билатерална одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Македонија е на списокот на Русија на листата на непријателски земји

Ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ во осуда и дефинирање на односот со Русија, најави Османи

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија гласале само 461 етнички Бугари, најмногу гласови добиле Борисов и Каракачинов

Редакција

Патниците од Македонија од утре ќе може да влезат во Холандија без никакви ограничувања

Редакција

Судењето за „Беса Транс“ се одложи, оти обвинетиот сопственик на компанијата имал симптоми на Ковид-19

Редакција