еМагазин
Image default
Бизнис

Раст од 3,6%: Во јануари извоз од над 500 милиони евра

Во јануари од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 546.045.000 евра, што претставува пораст од 3,6 проценти во однос на истиот период лани, а увезена е стока во вредност од 806.610.000 евра, што е пораст од 29,3 проценти.

Според податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во јануари изнесува 260.565.000 евра, а покриеноста на увозот со извозот изнесува 67,7 проценти.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони или бродови и фероникелот, а во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и металите од платинската група и нивни легури.

Најмногу во овој период се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млекара Здравје ќе го освојува ЕУ пазарот со добивањето на престижниот IFS стандард за безбедно производство

Редакција

Македонски телеком ќе дели дивиденда

Редакција

Вина од Македонија: Притисокот врз винарниците за поголеми откупни цени за грозјето е непродуктивен и води кон нивно пропаѓање

Редакција