еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: Дневните бројки нагло почнаа да растат, учеството на „стелт“ сојот достигнал 57,5% од сите нови случаи

Навидум, сé изгледа како корона вирусот засекогаш да заминува од сцената, пишува на Фејсбук проф. Дејан Трајковски во најновата анализа за ковид-состојбата.

„Репродукцискиот број Rt е сé уште под единица, иако не толку убедливо како до пред неколку дена. Стапката на позитивни тестови исто така продолжува да се намалува (црвената линија на првиот дијаграм).

Мала загриженост и рано предупредување ни даваат факторите на растот на дневните броеви на случаи (на вториот дијаграм).

Иако се сé уште под единица, некако премногу нагло започнаа да растат.

Со еден поглед на неделниот извештај на Иниститутот за јавно здравје Скопје забележуваме дека учеството на БА2 „стелт“ сојот („невидливот“) достигнал 57,5% од сите нови случаи. Тоа значи дека тој забрзано го истиснува изворниот, БА1 сој.

Добрата вест е што ни растечкиот процент на БА2 сојот засега не успева да ја зголеми преносливоста, односно репродукцискиот број Rt не се покачува над единица. Дури и да се покачи, тоа нема долго да трае и не би требало да донесе до голем раст на бројките.

На полето на хоспитализациите исто така забележуваме смирување. Заклучно со 06.03.2022 во болниците имало само 211 хоспитализирани лица.

На третиот дијаграм, фазниот портрет H-I (броеви на хоспитализирани наспроти активни случаи) ја следиме целата еволуција на броевите на активни и хоспитализирани случаи, од појавата на делта сојот во јули (почетокот на кривата во координатниот почеток при нула случаи), растот, кулминацијата на делта сојот, минимумот и пристигнувањето на омикрон сојот, неговото избувнување и максимумот, сé до сегашното смирување.

На крајот, кривата ќе се врати од каде што тргнала, во координатниот почеток, т.е. на нула случаи.

За околу 3 месеци сé ќе биде како на почетокот, само што останавме без уште 3.500 сограѓани.

Благодарение на вакцините и прележаноста, иако бројот на случаи се дуплирал од 155 илјади на почетокот на летото до сегашните 300 илјади, бројот на починати сепак не се дуплирал од почетните 5.500, иако во последниве месеци се откриваат и починати преку системот „Мој термин“,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија регистрирани нови случаи на заразени со подваријанти на омикрон

Проф. Трајковски: Не треба да се радуваме пред време, сé уште сме во зоната на 4. степен на ризик за ширење на заразата

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска компанија од Самоков ќе произведува воени дронови според НАТО стандарди

Редакција

За седум лица од Клиниката за онкологија се водат финансиски истраги, откри Спасовски

Редакција

Утре ќе се знае судбината и на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Редакција