еМагазин
Image default
Македонија

Владата побара од МВР да даде предлог како украинските патнички возила без зелен картон да можат да влезат во земјава

Владата на седница го задолжила Министерството за внатрешни работи за два дена да достави предлог со кој ќе се најде начин украинските патнички возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во земјава и да бидат вклучени во сообраќајот, без притоа да им се бара возачите кои управуваат со нив сами да го покријат надоместокот.

-Владата го задолжи МВР, во координација со Министерството за финансии, а во соработка и со Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Здружението на осигурителните компании, во рок од два дена до Владата на Република Северна Македонија да достави соодветен предлог во насока на изнаоѓање на начин украинските патнички моторни возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во Република Северна Македонија и да бидат соодветно вклучени во сообраќајот, без притоа да се бара надоместокот да го покријат самите, информира владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски ги повика членовите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не му веруваат на Мицкоски

Редакција

Мицкоски ја прашува власта: Сакате да кажете дека не знаете каде се наоѓа Груевски. Пред кого правите евтин театар?

Редакција

Регистрирани 1.275 нови случаи на Ковид-19 од 3.331 тестирања, во Скопје 519

Редакција