еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спречен обид за насилен влез во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, едно лице рането

Изутринава во 02.53 часот е спречен обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информираат од Министерство за одбрана.

„Војникот што бил на стража постапувајќи според пропишаните процедури и постапки повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрели во воздух.

Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи“, се вели во соопштението.

Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот.

Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лицето кое се сомничи за убиството на Орхан Бајрами – Оки, според грчката полиција е веќе во притвор во Македонија

Редакција

Фондот за иновации и технолошки развој вработува шест лица, плата до 28.317 денари

Редакција

Се укинува домашната изолација за повратниците од странство, останува карантинот

Редакција