еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нов прекин на железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин.

Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера.

Како што вели претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски, утрово, пред седум часот, сообраќале само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.

Чакаровски објаснува дека бојкотот е согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои злато на Балканско првенство во Турција

Редакција

(Видео) Македонски автобус за малку избегна трагедија да не пропадне во надојдената Западна Морава

Редакција

ТВ 21, Клан, ТВ 24, Сонце и Наша ТВ лани со загуба, Шења со добивка

Редакција