еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Компанијата „Северен тек 2“, задолжена за гасоводот меѓу Русија и Германија, оди во стечај

Компанијата „Северен тек 2“, задолжена за истоимениот гасовод меѓу Русија и Германија, наскоро ќе покрене стечајна постапка, изјави лидерот на компанијата, Матијас Варниг за германскиот весник „Штутгартер цајтунг“.

Непосредно пред рускиот напад на Украина, Германија го стопираше проектот. САД воведоа санкции за компаниите и највисоките членови на управата, додека самата компанијата потоа ги отпушти сите вработени.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на 22 февруари соопшти дека Германија го суспендира „Северен тек 2“ како одговор на руското признавање на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина.

Шолц побара од германското регулаторно тело да ги прекине постапките за обезбедување на потребните дозволи за негова изградба.

Украина и САД го поздравија таквиот потег на Берлин, а следниот ден американскиот претседател Џо Бајден нареди воведување санкции против „Северен тек 2“ и целосната управа на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да не биде зависна од Русија, Европа ќе потпише договор за набавка на гас од САД

Путин за отстранувањето на руските уметници од културните програми во западните земји: И нацистите вака палеа книги

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка предвидува раст на економијата од 3,5 проценти за 2019 година

Редакција

Мајка од Гостивар малолетните деца ги врзувала со самолеплива лента и ги оставала така со часови

Редакција

Владата го достави до Собранието дополнувањето на „францускиот предлог“

Редакција