еМагазин
Image default
Македонија

Левица: Резултатите од Пописот се фалсификувани и штелувани

Политичката партија Левица ги оспорува резултатите од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 кои што ги објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Како што истакна на денешната прес-конференција во Собранието, пратеникот на Левица, Борислав Крмов партијата го оспорува и начинот на кој беа соопштени податоците во присуство на дипломатскиот кор, оценувајќи го тоа како „обид да се бара легитимитет кај странскиот фактор“.

– Овој процес не беше ништо освен една политичка операција изведена под палката на ДУИ, а одобрена од СДСМ. Имавме многу говори и гостувања по емисии каде образложувавме зошто е проблематичен Законот за попис.

Прво Законот го шверцуваа со европско знаменце, што не е случај во ниту една држава. Потоа имавме попис на дијаспора што не е случај во ниту една држава, имавме попишување со само давање на матичен број, што ги крши сите меѓународни стандарди.

Имавме ситуација да може трети лица да даваат лични податоци што е забрането со меѓународни конвенции кои што Република Македонија ги има ратификувано.

Имаме ситуација документи за идентификација да бидат насловени како „соодветни документи“, значи намерно не се прецизирани за да може да имаме манупулации.

И на крај секако, врзаниот потпис на заменик директорот на ДУИ, за да може да ги добиеме овие, би ги нарекол, буквално фалсификувани и штелувани резултати кои што ги добивме, вели Крмов.

Тој додаде дека ДЗС и самиот признале оти некаде околу 132 илјади луѓе внеле само од базите.

– Доколку има таква ситуација тоа значи дека тие луѓе бојкотирале, што значи нема валиден попис, рече Крмов.

Левица смета дека еден од најголемите проблеми е попишувањето на дијаспората, за што, според партијата, со еднострано лобирање на министрите на ДУИ, како и користењето на државјанство како главен критериум за попишување, дошло до помешување на резидентното население и иселениците.

Според Крмов, од резултатите призлегува дека непопишани се 300.000 државјани.

– Левица нема да го признае овој фингиран попис, рече Крмов, посочувајќи дека целиот овој случај ќе биде детално истражен и „ќе следуваат кривични пријави“, што, ќе биде и  услов на партијата за влез во идна влада. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попис: Македонија има вкупно население од 2.097.319 лица од кои 54,21% Македонци и 29,52 Албанци

МИА/Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе жени, 14 лица имале контакт со потврден случај, детали за новите случаи на заразени со Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 75 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Северна Македонија и Грузија воспоставија дипломатски односи

Редакција