еМагазин
Image default
Македонија

Десетина вработени во гевгелиските градинки заболени од Ковид-19

Повторниот налет на коронавирусот во Гевгелија не ги одмина ниту вработените во ЈОУ ,,Детска радост“ во чии клонови низ општината има десетина воспитувачки и негувателки заболени од Ковид-19, потврди денеска директорката на установата, Елизабета Стојменова.

-Поради ситуацијата во моментот згрижуваме 500 дечиња, меѓу кои за среќа немаме заболено ниту едно дете, но поради почитување на здравствените протоколи не сме во можност да им излеземе во пресрет на сите барања од родителите.

Со помош на општината најдовме соодветни замени за заболените така што воспитниот процес продолжи да тече без никаков застој, рече Стојменова.

Посочи дека минатата година во периодот на пандемијата кога градинките беа затворени, биле вложени повеќе од пет милиони денари сопствени средства за подобрување на условите за престој на децата и вработените во централната градинка во Гевгелија и нејзините пет клонови во општината.

Покрај тоа, нагласи Стојменова, успеавме да отвориме оддел за јасли во Миравци и да ја доградиме градинката во село Прдејци за која се очекува согласност за доекипирање и згрижување на 20 дечиња.

Годинава се очекува ветената подршка од Министерството за труд и социјална политика, со која ќе се прошират сместувачките капацитети во градинката „Сончогледи“ за згрижување на уште стотина деца.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште 2 лица починаа од коронавирусот: 18 нови случаи, вкупната бројка на заболени 259 лица

Редакција

Советникот на ДУИ, Усеини и брат му понудиле по 10 илјади евра за да излезат од притвор

Редакција

Холандскиот парламент блокира преговори со Албанија, но не и со Македонија

Редакција