На Годишното собрание на акционери на Комерцијална банка АД Скопје е донесена одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 2.304,4 милиони денари и е утврдена дивидендата за обичните акции во висина од 62% од номиналната вредност на акцијата, односно по 620 денари за една акција, информираат од Банката преку Македонската берза.
“Исплатата на дивидендата ќе започне на 27.04.2022 година.
Заради зголемување на вкупниот капитал и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија 671,3 милиони денари од добивката да се издвојат во резерви.
Дел од добивката, односно 220 милиони денари се распределуваат во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2022 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката“, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој има најмногу акции во Комерцијална банка
Колку пари чуваат граѓаните во Комерцијална банка