еМагазин
Image default
Да помогнеме

Апел од Охридската планинска спасителна служба: Кој може нека донира млаи кучиња за потрага на исчезнати лица

Од неодамна, Планинската спасителна служба (ПСС) од Охрид започна активна соработка со новоформираниот Клуб за потрага по исчезнати лица „Куче спасител“, кој го предводи познатиот дресер на кучиња од Охрид, Ефто Стојановски, информираат од службата.

„За потребите на клубот, ПСС ќе обезбеди соодветна опрема за удобно одгледување на кучињата, како и за безбедна теренска работа на водичите, кои ќе бидат од големо значење во потрагите по исчезнати лица во иднина, на планина и во урбана средина.

Апелираме до јавноста и до одгледувачите на кучиња, доколку имаат можност и желба да донираат млади кучиња, на возраст од 5 до 10 месеци, за потребите на клубот за потрага на исчезнати лица, да не контактираат со цел подобрување на капацитетот и ефикасноста на овој сектор во иднина.

За поголема ефикасност, се преферира кучињата да бидат од расата Белгиски овчар или друга динамична раса, во консултација со дресерот,“ велат од ППС Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Готвачот Антонио Јанковски моли за помош, се бори со рак и пневмонија

Редакција

Гром ја опожари куќата на семејство од Долно Лисиче, потребни се средства за обновување

Редакција

Да и помогнеме на Дијана во нејзината битка со ретка болест

Редакција