еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Панични напади. Дали умот го владее разумот?“: „Ротари Клуб Скопје Интернационал“ продолжува со отворени разговори за менталното здравје

„Ротари Клуб Скопје Интернационал“, со цел подигнување на свеста за важноста на менталното здравје, продолжува со серијата отворени разговори насловени „Криза на менталното здравје, знаеме ли што ни се случува? Пандемија во пандемија“, информираат од таму.

Во таа насока, вечерва ќе се одржи вториот отворен настан, кој е посветен на темата “Панични напади. Дали умот го владее разумот?“.

Вечерашниот отворен разговор ќе го води Василка Димитровска, психолог и гешталт терапевт.

Настанот почнува во 20.00 часот, ќе се одржува онлајн и е отворен за сите заинтересирани на Zoom линк, кој е достапен и на профилот на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“, на социјалниот медиум „Facebook”.

Најновите истражувања посветени на менталното здравје укажуваат на фактот дека повеќе од 450 милиони луѓе во светот страдаат од нарушување на менталното здравје. Уште позагрижувачки е што околу 20 отсто од децата и адолесцентите имаат ваков тип на проблеми, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација.

Дополнителен ризик-фактор беше пандемијата од Ковид-19, која предизвика и зголемување на проблемите со менталното здравје.

Имајќи предвид дека лицата кои се соочуваат со вакви проблеми понекогаш не се свесни за својата состојба, „Ротари Клуб Скопје Интернационал“, ја започна оваа иницијатива, создавајќи платформа на која ќе може отворено да се зборува за овие проблеми и да се посочи начинот за соодветна стручна помош за младите, но и за сите останати заинтересирани за темата.

Оттука, „Ротари Клуб Скопје Интернационал“ ги повикува сите кои имаат потреба од помош или сакаат да дадат свој предлог да ѝ се приклучат на оваа иницијатива. Дополнително, сите заинтересирани кои сакаат да предложат тема можат да го направат тоа на електронската адреса [email protected].

Првиот отворен разговор кој се одржа на 22.02.2022 година беше посветен на темата „Како да препознаете анксиозност? Рефлекторите свртени кон средношколската популација“. Настанот побуди голем интерес и поттикна отворена дискусија за овие теми.

Ротаријанците од целиот свет повеќе од 110 години работат на промовирање на позитивните вредности, солидарноста и хармонијата во светот. Ваков тип на активности се спроведуваат во преку 35.000 Ротари клубови ширум светот, а кај нас функционираат 20 клубови на Ротари, кои делуваат во различни области во насока на исполнување на своите цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Софијанова: Тахикардии, анемии, онесвестување, главоболки се дел од пост-ковид симптомите кај околу 200 деца

Редакција

Поради топлото време дневно по десетина колапси во Скопје и стотина интервенции на Итна медицинска помош

Редакција

Од вечер врнежи од снег и на пониските места, од следната седмица минусни температури

Редакција