еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ – проект на ЕРАЗМУС+

Во рамките на проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ – Еразмус+ КА229, во периодот од 11-15 април 2022 година, училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, ќе биде домаќин на втората ученичка размена на која ќе учествуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Србија и Романија.

Темата на оваа размена е „Моќта на медиумите“, а преку планираните активности ќе бидат опфатени следните аспекти: одговорност на новинарот наспрема одговорност на читателот, влијание на медиумите врз општеството и социјалниот живот и контрола на информациите.

Проектот започна да се реализира од септември 2019 година и ќе трае до август 2022 година.

Досега оствари бројни активности чија цел е развој на медиумската писменост и дигиталните вештини и знаеања, како креирање на дигитален училишен весник од самите ученици членови на медиумската група од училиштето (lainformator.wordpress.com), веб страница на проектот, организација на работилници и дискусии за младите и медиумите и многу други активности за развој на дигитални медиуми и апликации.

Координатор е училиштето: „Свети Петар“ од Ореховец, Хрватска, а партнери во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата „Scoala Gimnaziala Nr. 5“ од Александрија, Романија и „Dositej Obradovic“ од Чичевац, Србија.

Сите реализирани активности се достапни на училишната веб страница на следниот линк
oulazoangelovski.com.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Програма: Трет скејтбординг натпревар ONE MORE TRY Skopje

Редакција

(Фото) Скопската зоолошка доби бела лавица

Редакција

(Фото) Претседателот Пендаровски ја посети Алкалоид

Редакција